На денешен ден пред точно 20 години малиот, тогаш 18-годишен Стивен, првпат го почувствува тревникот на популарниот „Енфилд“ во Ливерпул.
Младиот Џерард влезе како замена во последните моменти од мечот Ливерпул – Блекбурн.
Оттогаш, до неговото напуштање на Ливерпул, човекот кој стана икона на клубот, забележа вкупно 710 настапи за „црвените“ и притоа дури 186 пати ја смести топката во противничките мрежи.
Тој стана единствениот играч на Ливерпул што е во топ 5 и по бројот на одиграни натпревари и по постигнатите голови.
Талентот на Стивен во 2003 година го препозна тренерот Жерар Улие и му ја довери капитенската лента која играчот ја носеше повеќе од 10 години.
Џерард со Ливерпул освои два ФА купа, три лига купа, една Лига на шампиони, еден Куп на УЕФА и еден Супер куп на Европа. Единствено не успеа со својот клуб да ја освои Премиер лигата.
Кариерата на популарниот Стиви Џи заврши во ноември 2016 во американскиот клуб Лос Анѓелес Галакси.
Погледнете го неговиот прв настап за Ливерпул: