Top Sport

„Индепендент“: Јунајтед одби спектакуларна замена Погба-Нејмар!

Според пишувањата на британскиот весник „Индепендент“, Манчестер Јунајтед одбил спектакуларна замена понудена од париски ПСЖ.

Шампионот на Франција наводно за да го донесе на „Паркот на принцовите“ францускиот репрезентативец, Пол Погба во спротивна насока бил подготвен да го испрати Бразилецот, Нејмар.

Нејмар и порачал на Управата на ПСЖ дека сака да си оди, истото го направил и Погба во Манчестер.

„Ѓаволите“ го одбиле предлогот затоа што не сакаат да преземат обврска на бразилскиот ас да му исплаќаат 36 милиони евра годишна плата.

Погба, пак, освен со францускиот тим, се поврзува и со Реал Мадрид и со Јувентус, а Нејмар преговара да се врати во старото јато, во Барселона.

Барса бара од Нејмар да ја повлече тужбата за неисплатен бонус од 26 милиони евра, јавно признание дека заминувањето од „Ноу Камп“ беше грешка и да се согласи на намалување на платата за 15 милиони евра.

Фудбалерот наводно на се се согласил, но Каталонскиот клуб не сака да плати околу 200 милиони евра, колку што бараат „светците“ од Париз.

Scroll to Top