Top Sport

Индијан Велс: Драма со пресврт во првиот сет, потоа Ѓоковиќ го згази Фратанџело (видео)

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на мастерсот во Индијан Велс, САД откако синоќа беше подобар од Американецот Бјорн Фратанџело со 7-5 и 6-2 за 90 минути игра.

Новак изненадувачки се мачеше во првиот сет против 128-от светски тенисер кој покажа волја и желба за надигрување.

Откако Ѓоковиќ успеа да слави во првиот сет, во вториот немаше никакви проблеми против деморализираниот противник.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе се судри со Филип Колшрајбер кој изненадувачки славеше против контроверзниот Австралиец, Ник Киргиос.

https://youtube.com/watch?v=pTSeCDLQRm8

Scroll to Top