Top Sport

Инсиње го спаси Наполи од пораз кај Сасуоло (видео)

Наполи кој очигледно се откажа во трката со Јувентус за пехарот во Серија А денеска повторно одигра само нерешено нагости кај Сасуоло, 1-1.

По првите 45 минути на семафорот стоеја почетните 0-0, а во 53 минута домаќините преку Берарди дојдоа до водство со 1-0.

Во финишот од мечот наполитанците со сите сили тргнаа да ја одбранат честа и да освојат барем бод на незгодното гостување. Во тоа успеа брзоногиот Лоренцо Инсиње, кој во 86. минута погоди за конечни 1-1.

Scroll to Top