Top Sport

Интер загуби два бода во 92 минута, 19-годишник им пресуди!

Фиорентина во последните моменти од последниот меч од 16 коло во Серија А успеа да се спаси од нов пораз.

„Виолетовите“ благодарение на голот на 19-годишниот Влаховиќ стигнаа до нерешени 1-1 со фаворитот Интер која водеше уште од 8 минута, со голот на Борха Валеро.

Интер беше подобар противник во првиот дел. Лаутаро Мартинез постигна погодок за 0-2, но истиот беше поништен после неколку минути поради офсајд позиција во која се наоѓал неговиот асистент, Ромелу Лукаку.

Токму Белгиецот Лукаку во вториот дел промаши две извонредни шанси, па казната ги стигна „нероазурите“ во 92 минута.

Младиот Влаховиќ сам истрча контра и неодбранливо биеше кон голот на Хандановиќ кој бранеше одлично во текот на целиот меч.

По 16 одиграни кола, битката за титулата е многу замрсена. И Интер и Јувентус имаат ист број бодови, по 39.
Зад нив е Лацио со 33, па Рома со 32.

Scroll to Top