Иско, фудбалерот на мадридски Реал, ја обележа синоќешната победа на Шпанија над Аргентина. „Црвената фурија“ ја декласира Аргентина 6:1, а Иско постигна хет-трик.
Иско имаше забележителен настап и во петокот, на пријатлескиот натпревар со Германија (1:1), но против „гаучосуте“ тој беше брилијантен. По мечот тој го „закачи“ својот тренер во Реал, Зинедин Зидан.
„Во Реал немам самодоверба која му е неопходна на еден фудбалер. Натпреварите во националниот тим ме враќаат во живот, бидејќи тренерот ми дозволува да останам на теренот. Сакам на сите да им покажам дека сум добар играч, но во клубот можеби сум јас проблемот. Не знам како да го освојам Зидан“, рекол Иско.
Инаку, изминатите денови шпанските медиуми објавија дека Иско сигурно ќе го напушти Реал по завршувањето на сезоната, а како главен кандидат за добивање на неговите услуги се споменува Манчестер сити.