Top Sport

Исповед на Пети: Непознат маж сакаше да имам секс со жена му, а тој да гледа

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Емануел Пети (48) кој во својата кариера ги бранеше боите на Монако, Арсенал, Барселона и Челси своевремено беше голема фудбалска ѕвезда. Посебно популарен беше по Светското првенство во Франција кога со „галските петли“ стана светски шампион, а воедно и му даде гол на Бразил во финалето во Париз.
Популарноста секогаш му помагала кај жените, но сега Пети раскажа необична приказна.

„Секогаш имав „проблем“ со жените, но по СП 1998, беше „многу полошо“. Не се жалам уживав. Не се сеќавам колку пати жени сами доаѓале кај мене, дури и оние кои биле во брак. Некои дури доаѓаа и со мажите и ми ги даваа броевите на своите телефони. Еднаш ми се случи невообичаена ситуација. Една вечер сам бев пред ресторан, чекав такси и изненадно ми пријде еден пар. Мажот ми даде непристојна понуда. Сакаше да имам секс со жена му додека тој гледа. Само се заблагодарив на понудата“ – раскажа Пети.

Екс-фудбалерот беше оженет, но во 2002 година се разведе. Од тој брак има едно дете, а со сегашната девојка има 12-годишна ќерка.

Scroll to Top