Вечерва од 21 часот на „Енфилд“ во Ливерпул гостин е тимот на Лестер. Императивот победа е за „црвените“ кои досега никогаш не станале шампиони на Англија, откако е воведена Премиер лигата.
Титулата за Ливерпул не е така далеку, иако до крајот за нив има уште 15 натпревари, но ќе биде поблиску доколку Лестер падне на „Енфилд“.
Доколку Ливерпул победи ќе има 7 бода предност пред директниот конкурент, Манчестер Сити.
Интересен податок доаѓа од Островот, само еднаш во историјата се случило екипата која има 7 бода предност во овој дел од натпреварувањето на крајот да не го подигне престижниот пехар.
Тоа се случило во 1996 година кога Њукасл предводен од Кевин Киген имал 9 бода предност пред Манчестер Јунајтед, предводен од Сер Алекс Фергусон.