Американската тинерџерска атракција на Ролан Гарос, 17-годишната Аманда Анисимова и го зема скалпот на третата светска тенисерка, Романката Симона Халеп.
Анисимова предмалку експресно за 70 минути игра во чевртфиналето на гренд-слемот во Париз ја победи Халеп со 2-0 (6-2 6-4) притоа недавајќи и шанса на искусната противничка да се размавне.
Со оваа победа Американката си обезбеди влез во полуфиналето на Ролан Гарос и дуел со австралиската тенисерка Ешли Берти која во исто време додека траеше дуелот на Халеп и Анисимова играше против Американката Медисон Киз. Барти славеше победа со 2-0 (6-3 и 7-5).
Претходно беше познат изгледот и на второто полуфинале на вториот годинешен гренд-слем. Во него ќе се судрат Британката Џоана Конта и Маркета Вондрусова од Чешка.