Денеска во 16 часот во Астана, Казахстан официјално започнаа квалификациите за Европското првенство 2020 година. На стартот веднаш изненадување. Домашната селекција убедливо беше подобра од пореномираната селекција на Шкотска и ја совлада со 3-0.
Домаќините резултатот го отворија уште во 6 минута со голот на Перцук. Шкотланѓаните уште не беа соземени, а на семафорот во 10-тата минута веќе стоеше 2-0. Стрелец на вториот гол за домашната селекција беше Вороговски.
Шкотска во продолжение мораше да се отвори и да нападне, па Казахстан го искористи тоа и со погодокот на Заинутдинов во 51. минута ги постави конечните 3-0.