Top Sport

Изненадување на стартот од квалификациите за ЕП 2020, Казахстан ја среди Шкотска (видео)

Денеска во 16 часот во Астана, Казахстан официјално започнаа квалификациите за Европското првенство 2020 година. На стартот веднаш изненадување. Домашната селекција убедливо беше подобра од пореномираната селекција на Шкотска и ја совлада со 3-0.

Домаќините резултатот го отворија уште во 6 минута со голот на Перцук. Шкотланѓаните уште не беа соземени, а на семафорот во 10-тата минута веќе стоеше 2-0. Стрелец на вториот гол за домашната селекција беше Вороговски.

Шкотска во продолжение мораше да се отвори и да нападне, па Казахстан го искористи тоа и со погодокот на Заинутдинов во 51. минута ги постави конечните 3-0.

Scroll to Top