Top Sport

Јокиќ: НБА е циркус, а ние сме како животни за фотографирање

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Никола Јокиќ кој изминатата сезона во НБА лигата беше еден од најдобрите центри изјави дека најсилната светска кошаркарска лига го потсетува на голем циркус, а играчите се животни со кои сите сакаат да се фотографираат.

Јокиќ нагласи дека клубовите во НБА на играчите им овозможуваат буквално се само за да успеат, но ако се повредат или им падне формата, нема милост, „циркусот“ и без вас оди понатаму.

„Во САД секоја екипа му овозможува на играчот да стане најдобар што може. Ќе му овозможат се, тренинг, лекари. За моите 3-4 години во Нагетси, поминаа 20-30 играчи. Секогаш доаѓаат нови играчи, нови таленти. Тоа е огромно шоу кое продолжува“ – изјавил Јокиќ за „Спортклуб“.

Центарот важи за голем противник на медиумите.

„Каде и да одиме, луѓето сакаат да се фотографираат, ние сме како животни во циркус. Смешно ми е затоа што ако погледнеш малку подобро, ќе изгубиш свест за реалноста, ние сме само играчи, само играме кошарка. Голем противник сум на медиумите затоа што мислам дека се лоши за спортот, но поради медиумите ние сме тука каде што сме, затоа сме и познати“ – смета Јокиќ.

Scroll to Top