Top Sport

Јокиќ недоволен за триумф на Денвер, Спарси ја добија драмата со Кингси (видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени во Бостон од Селтикс со 108-95.

Српскиот центар ноќеска имаше одличен меч со 30 поени, 10 скока и 4 асистенции. На другата страна Џејсон Тејтум мечот го заврши со 26 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Сакраменто Кингс пак испушти победа кај Сан Антонио. Спарси славеа во неизвесна завршница со 105-105. Мал беше придонесот на српските кошаркари, Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 9, а Немања Бјелица со 5 поени.

Најдобар во победничката екипа беше Олдриџ со 19 поени, а Кингси на овој меч ги предводеа Бади Хилд и Харисон Брнс со по 21 поен.
https://youtube.com/watch?v=MzhjutCHpFE
Ова се сите ноќешни резултати:

Шарлот – Бруклин 104-111
Кливленд – Орландо 87-93
Детроит – Индијана 108-101
Бостон – Денвер 108-95
Чикаго – Голден Стејт 98-100
Мајами – Вашингтон 112-103
Оклахома – Минесота 139-127 (по продолжение)
Милвоки – ЛА Клиперс 119-91
Сан Антонио – Сакраменто 105-104
Портланд – ЛА Лејкерс 113-136

Scroll to Top