По мирното прво полувреме без голови, Атлетико Мадрид, искусно, рутинирано, без многу трошење на енергија стигна до посакуваната победа на мечот со Алавес, 2-1 во рамки на 32. коло во Ла Лига.
По една нафрлена топка од десната страна, Трипие центрираше, а најприсебен во противничкиот шеснесетник беше Саул Нигез за водство од 1-0 во 59 минута.
Само 12 минути подоцна беше поставен конечниот резултат. По десната гол-аут линија продре фудбалер на Атлетико, по што Рубин Дуарте стартуваше врз него.
Судијата на мечот се консултираше со ВАР и досуди пенал за домашните. Сигурен реализатор беше Диего Коста, за конечни 2-0.
И кога сите очекуваа судијата да отсвири крај на мечот, Алавес доби пенал. Се играше 93 минута, сигурен реализатор на најстрогата казна беше Хоселу. Виновник за пеналот беше Коке, кој претходно играше со рака во својот шеснаесетник.
По оваа победа Атлетико останува трет на табелата во Ла лига со 58 бода, четири повеќе од најблискиот конкурент, Севилја.