Фудбалерите на Атлетико Мадрид се согласиле да им бидат намалени платите за 70 % како би ги заштитиле останатите вработени во клубот додека трае пандемијата од коронавирусот.
Од Атлетико соопштија дека по многу размислување, се решиле за оваа мерка која ќе ја сочува стабилноста на клубот и ќе ја осигура иднината.
„Играчите и стручниот штаб на првиот тим ја разбраа ситуацијата и се согласуваат со мерките кои клубот ги донесе како неопходни, па прифатија привремено намалување на платите. Сите членови на првиот тим потпишаа договор со кој се предвидува додека трае вонредната ситуација платите да бидат намалени за 70%. Договорот го постигнавме за да им овозможиме на останатите 430 вработени непречено исплаќање на плата“ – стои меѓудругото во соопштението од Атлетико Мадрид.