Атлетико Мадрид и Валенсија започнаа преговори за трансфер на шпанскиот репрезентативец, Родриго на „Ванда Метрополитано“.
Тренерот на „јорганциите“, Диего Симеоне и покрај тоа што во тимот ги има Диего Коста, Жоао Феликс и Алваро Мората, сака да доведе уште еден напаѓач.
Се шпекулира дека цената на 28-годишниот Родриго е 60 милиони евра.
Шпанскиот фудбалер кариерата ја почна во Бенфика во 2014 година, а во Валенсија дојде за 12 милиони евра.
Во дресот на „лилјаците“ има одиграно 186 меча со постигнати 52 гола. Само минатата сезона, на 51 меч, даде 15 гола и имаше 10 асистенции.