Top Sport

„Јорганџиите“ уште ќе трошат, 60 милиони евра за Родриго од Валенсија

Атлетико Мадрид и Валенсија започнаа преговори за трансфер на шпанскиот репрезентативец, Родриго на „Ванда Метрополитано“.

Тренерот на „јорганциите“, Диего Симеоне и покрај тоа што во тимот ги има Диего Коста, Жоао Феликс и Алваро Мората, сака да доведе уште еден напаѓач.

Се шпекулира дека цената на 28-годишниот Родриго е 60 милиони евра.

Шпанскиот фудбалер кариерата ја почна во Бенфика во 2014 година, а во Валенсија дојде за 12 милиони евра.

Во дресот на „лилјаците“ има одиграно 186 меча со постигнати 52 гола. Само минатата сезона, на 51 меч, даде 15 гола и имаше 10 асистенции.

Scroll to Top