Легендарниот југословенски фудбалер, Илија Петковиќ (74) се наоѓа во болница и е во критична состојба, јавуваат српските медиуми.
Поранешниот центарфор на Југославија и успешен селектор на Србија и Црна Гора бил префрлен во ковид-болница во Белград поради компликации од коронавирусот.
Тој, според информациите, се наоѓа под надзор на лекарите, но ситуацијата му е тешка, а морал да биде приклучен и на респиратор.
Ситуацијата му се влошила откако настанала компликација со чирот.