Top Sport

Југословенската фудбалска легенда се бори со коронавирусот

Легендарниот југословенски фудбалер, Илија Петковиќ (74) се наоѓа во болница и е во критична состојба, јавуваат српските медиуми.

Поранешниот центарфор на Југославија и успешен селектор на Србија и Црна Гора бил префрлен во ковид-болница во Белград поради компликации од коронавирусот.

Тој, според информациите, се наоѓа под надзор на лекарите, но ситуацијата му е тешка, а морал да биде приклучен и на респиратор.

Ситуацијата му се влошила откако настанала компликација со чирот.

Scroll to Top