Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ се во трка по потписот на капитенот и најдобар фудбалер на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, пренесуваат португалските медиуми.
Скаути од фудбалските гиганти неколкупати сезонава го гледале 24-годишниот играч од средината на теренот.
Фернендеш викендов против Авеш го постигна 28-от сезонски гол. Бруно Фернандеш сруши рекорд стар десетина години кој го држеше легендарниот играч на Челси, Френк Лампард за бројот на постигнати голови на играч кој игра на средината на теренот.
Португалецот со Спортинг има договор до 2023 година, а откупната клаузула изнесува високи 100 милиони евра. Фернандеш во младите категории играше во Боависта, а на 18 години се пресели во Новара, во Италија каде ја започна фудбалската кариера.
Поради добрите игри, го повикаа и во репрезентацијата на Португалија, за која досега има 11 настапи.