Top Sport

Јунајтед ќе го откачи Лукаку за да ги донесе Дибала и Кулибали?!

Белгиецот Ромелу Лукаку кој требаше да тресе мрежи за тимот на Манчестер Јунајтед не ги оправда очекувањата.

Актуелниот кормилар на „ѓаволите“ повеќе му верува на Рашфорд во нападот, Белгиецот се почесто е на клупа, па по се изгледа фудбалерот кој дојде на „Олд Трафорд“ за 75 милиони евра на лето ќе си оди од клубот.

Заинтересиран за услугите на белгискиот фудбалер е Интер, кој најверојатно ќе остане без Мауро Икарди во нападот.

Јунајтед сака да се ослободи од Лукаку за во Манчеестер да ги доведе стоперот на Наполи, Кулибали и напаѓачот на „Старата дама“, Дибала.

Scroll to Top