Австрискиот фудбалер со српски корени, Златко Јунузовиќ синоќа го постигна еден од најубавите голови во 2020 година.
Играчот на Салцбург со фантастичен волеј-удар од дваесетина метри биеше неодбранливо под пречката на голот на Рапид Виена.
По еден удар од аголот, 32-годишниот фудбалер ја дочека топката и со сета сила биеше неодбранливо.
Погодокот беше толку импресивен што еден од неговите соиграчи се држеше за главата во неверување.
Инаку Салцбург на овој меч славеше убедливо со 7-2.