Top Sport

Јуве ја спушти цената за Манџукиќ, сега бара само 6 милиони евра

Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ со сигурност ќе го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок. Тренерот Маурицио Сари не смета на неговите услиги, а Хрватот веќе преговара со клубови, кокретно со Манчестер Јунајтед.

Англичаните сакаа да го доведат на „Олд Трафорд“ уште летоска, но трансферот пропадна наводно поради тоа што тој барал превисока плата. Други извори тврдеа дека впрочем, Јуве барале превисока отштета.

Италијанските медиуми пишуваат дека сега такви проблеми нема, Јувентус драстично ја спуштил цената за напаѓачот.
Наместо 20-тина милиони евра колку чинеше летоска, сега за голгетерот „Старата дама“ бара околу 6 милиони евра.

Манџукиќ наместо наводните 300.000 евра неделно, сега најверојатно би се согласил за двојно пониска плата.

Намалувањето на цената сега активирало интерес и кај други клубови, а прва се јавила Севилја која е подготвена да ја плати отштетата. Ќе видиме дали андалузијскиот клуб ќе ги поремети плановите на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top