Синоќешниот пораз на Јувентус од 2-0 во Мадрид кај Атлетико тешко им падна и на фудбалерите, но голема штета од неочекуваниот резултат претрпеа и финансиите, односно акциите на клубот.
Според информациите од Италија, акциите на „Старата дама“ паднале за 10%, што проценето во евра изнесува околу 130 милиони.
Реваншот на осминафиналето се игра на 12 идниот месец, а доколку Јуве не успее да го елиминира составот на Чоло Симеоне, тоа ќе значи нов крах на берзата за италијанскиот шампион.
Јувентус досега во минатото петпати се наоѓал во ситуација да губи со 2-0 на првиот меч, и секогаш бил елиминиран.