Top Sport

Кадетките од Полска ги оставија мекедонските ракометарки без полуфинале

Ракометна репрезентација на Македонија за кадетки денеска беше поразена од врсничките од Полска со 34-20 и не успеа да стигне до толку посакуваното полуфинале на ЕХФ Шампионатот во Италија.

Нашите ракометарки цели 17 минути немаа постигнато гол што беше пресудно за конечниот резултат на мечот.

Во првиот дел, цели 12 минути македонските ракометарки не го најдоа патот до противничката мрежа, а слично нешто (овојпат само 5 минути) им се случи и во вториот дел.

Најпрецизни во македонскиот состав беа Миновска, Петровска и Јанкуловска со по 4 гола.

Македонија групната фаза ја заврши на третата позиција, па сега на шампионатот ќе разигрува од 5. до 8. место

Scroll to Top