Канада ослабена ќе патува на кошаркарскиот Мундијал во Кина. Од порано беше познато дека голем број кошаркари (Мареј, Барет, Гидлџ-Александер) нема да бидат дел од составот, а селекторот Ник Нурс слушна уште една лоша вест на две недели пред почетокот на шампионатот.
Американските медиуми јавуваат дека Кели Олиник, еден од најдобрите играчи во селекцијата на Канада нема да патува во Кина поради повреда на коленото која му се случи минатата недела.
Кошаркарот на Мајами Хит падна на паркетот на мечот против селекцијата на Нигерија и заработи скршеница, па ќе мора да паузира се до почетокот на новата НБА сезона.
Канада на Мундобаскетот е во групата Х, со Сенегал, Литванија и Австралија.
here's the sequence in the third quarter where kelly olynyk slipped on a wet spot on the floor and had to be helped to the locker room pic.twitter.com/RUn5R8zmgL
— Yahoo Sports Canada (@YahooCASports) August 8, 2019