Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли учествувал во сообраќајна несреќа по која двајца завршиле во болница со повреди.
Според пишувањето на италијанските медиуми, до незгодата дошло во понеделникот на излезот од Рим.
Ромањоли патувал кај своето семејство, во посета, по што загубил контрола врз своето возило марка „смарт“, па со голема брзина удрил во автомобил кои одел во спротивен правец. Од силината на ударот, неговиот автомобил одлетал и удрил во бетонска ограда покрај патот.
Фудбалскиот дефанзивец и засега неименуван сопатник биле однесени во болница за да им биде пружена прва помош.
Заработиле исекотини и потрес на мозокот.
Засега не е познато со каква казна ќе се соочи предизвикувачот на несреќата.
Инаку, Ромањоли утре вечер со својот Милан гостува кај Болоња во натпреварот од 15 коло во Серија А.