Top Sport

Капитенски потег на Икарди, подарок „ролекс“ часовници за соиграчите (фото)

Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди кој ја носи капитенската лента во милански Интер покажа капитенски потег кон своите соиграчи во клубот.

Поради тоа што ја доби наградата за најдобар стрелец во минатата сезона во Серија А, Икарди реши на сите соиграчи во тимот да им подари по еден „ролекс“ часовник.

„Никогаш нема да го заборавам тоа што бев најдобар стрелец, но не сакам на тоа да се сеќавам како сон. Бидејќи, без овие луѓе, тоа не би било возможно“ – напиша Икарди на Инстаграм.

Тој минатата сезона ја заврши со најмногу постигнати голови, вкупно 29. Оваа сезона, Мауро Икарди на 13 натпревари постигна 7 погодоци.

Scroll to Top