Top Sport

Карачиќ: Австријците се многу добри, но знаеме како против нив

Миленикот на скопската ракометна публика, екс-вардарецот, Игор Карачиќ беше добро расположен во групната фаза на Европското ракометно првенство и ја однесе неговата Хрватска во следната фаза без загубен бод. Популарниот Кара е трет стрелец кај Хрватите по првите 3 меча со 10 гола, пред него се Степанчиќ со 12 и уште еден екс-вардарец, Лука Циндриќ со 13 гола.

Во продолжение на првенството од Карачиќ се очекува да биде еден од главните адути на Хрватска. Тој пред следниот дуел со селекцијата на ко-домаќинот Австрија повикува на претпазливост.

„Не смееме премногу да се занесуваме. Мора да се даде се од себе, а сега добро да ги анализираме. Не смее да ни се повтори Бразил, не смееме да `клизнеме`. Подготвени сме и свесни каква жанса имаме. Му се радувам на утрешниот меч, да покажеме дека играта од првата фаза не беше случајна“ – вели Карачиќ за хрватските медиуми.

Тој напоменува дека Австријците го восхитија, но смета дека знае како треба против нив.

„Морам да признаам дека се навистина добри, пред се затоа што се домаќини и го имаат тој `ветар в грб`. Играат одбрана 6-0, но против Македонија играа 5-1 кон Лазаров. Голмант им е во одлична форма, Билик сигурно донел нешто од Кил. Имаат брза трансформација, а најопасни се од левата страна“ смета Карачиќ.

Scroll to Top