Италијански Наполи го означи колумбискиот фудбалер од Баерн, Хамес Родригез како мета за во јануарскиот преоден рок, пренесува „Калчомеркато“.
Тренерот на наполитанците, Карло Анчелоти инсистирал на трансферот затоа што сакал повторно да соработува со фудбалерот кого го доведе во Реал Мадрид од Монако, по Мундијалот во Бразил во 2014 година.
Родригез е на двегодишна позајмица во минхенскиот клуб со право на откуп на договорот пд Реал за 35 милиони евра.
Информациите се дека 27-годишниот фудбалер нема ништо против да го засили Наполи. Родригез во кариерата настапуваше во Порто, Банфилд и Енвигадо.