Аргентинскиот фудбалер Фернандо Касерес е еден од најдобрите дефанзивци кои ги имале „гаучосите“. Тој во текот на кариерата, освен за селекцијата, настапуваше и за Ривер Плата, Бока Јуниорс, Селта и Реал Сарагоса.
Касерес откри детали од периодот кога настапуваше во Ла Лига, а најинтересното беше поврзано со Роналдињо.
„Ми понудија 500.000 шпански пезети да го „скршам“ Роналдињо. Сакаа да го исфрлам од мечот, тоа беше единствениот начин да се задржи. Играв за Селта, а мечот се играше во Виго. Роналдињо тргна по топката, а јас го удрив од зад грб. Падна, а јас му подадов рака и му признав дека ми понудија пари само да го исфрлам од мечот. Тој на тоа ми рече `Ако ме фатиш`. Не можев да верувам, ме шокираше“ – раскажува Касерес.
Тој раскажа и случка од тренинг со селекцијата на Аргентина кога тој бил многу млад, а која се однесува на Диего Марадона.
„Побрзав да пресечам една топка и во воздухот удрив некого. Беше тоа Марадона. Сакав да умрам“ – рече Касерес.