Top Sport

Касилјас почна со тренинзи, за 20 минути собра 20.000 лајкови (фото)

Шпанскиот голман Икер Касилјас ги воодушеви своите обожаватели со фотографија од тренинг која ја објави на друштваните мрежи.

Голманот на Порто на Инстаграм постави фотка од вежбална што ги израдува навивачите кои секојдневно се интересираа за неговата здравствена состојба по проблемите со срцето.

Касилјас за 20 минути собра 20.000 лајкови на Инстаграм со порака „работа во тек“.

Кон крајот на септември годинава Касилјас порача дека ќе почека до март за да види како оди опоравувањето пред да ја донесе одлуката за враќање.

38-годишниот фудбалски голман не брза со враќањето на официјален меч по срцевиот удар кој го преживеа на 26 април годинава.

View this post on Instagram

Work in progress… ???‍♂️

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas) on

Scroll to Top