Top Sport

Катар го декласираше ОАЕ и ќе игра финале на Азискиот Куп на нации (видео)

Фудбалската репрезентација на Катар ќе игра во финалето на Азискиот куп на нации што се одржува во Обединатите Арапски Емирати.

Попладнево Катарците со 4-0 го декласираа домаќинот на турнирот и се избориј за финале против селкецијата на Јапонија.

Селекцијата на Катар, која на овој турнир нема примено ниту еден гол на петте одиграни меча, против ОАЕ поведе уште во 22 минута со голот на Куки. Во 37 минута Алмоез Али погоди за 2-0.

Во вториот дел во 80. минута Хасан Ал Хајдос го матираше противничкиот голман за 3-0. Во 91 минута кога веќе патникот во финалето беше решен домашниот репрезентативец Ахмед заработи црвен картон, а дебаклот на ОАЕ го запечати Хамид Исмаели за конечни 4-0.

Финалниот дуел меѓу Катар и Јапонија на програмата е во петок од 15 часот по средноевропско време.

Scroll to Top