Огромен проблем имаат селекторот на Англија, Герет Саутгејт и менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
Капитенот на селекцијата и на Спарси, Хари Кејн можно е да не се врати на теренот до крајот на сезоната, а сосем неизвесен е и неговиот настап на Европското првенство.
Англиските медиуми наведуваат дека еден од најдобрите британски хирурзи, Крис Вилсон вели дека за Кејн сезоната е завршена.
Иако се очекуваше по повредата на задниот мускул на ногата Кејн да се врати во тимот за максимум 2 месеци, сепак најверојатно тоа нема да се случи. Тој е опериран минатата недела и заздравувањето ќе трае подолго од предвиденото.
„Постои опасност од обновување на повредата. Секогаш постои можност да дојде до нова повреда доколки побрзате со заздравувањето“ смета доктор Вилсон.
Кејн е надвор од терените од 1 јануари кога се повреди на мечот против Саутемптон во Премиерлигата.
Прашање е дали селекторот Саутгејт воопшто ќе ризикува со голгетерот во „Гордиот албион“ или ќе повика друг напаѓач.
Англија на ЕУРО 2020 е во група со Хрватска, Чешка и еден квалификант од Лигата на нации.
Сезонава Кејн постигна 17 гола за Тотенхем, а во дресот на репрезентацијата има 32 погодоци на 45 настапи.