Наполи го очекува новиот трансфер. Ирвин Лозано би требало да биде претставен како нов фудбалер на Наполитанците во наредните денови. Трансферот се очекува да изнесува 42 милиони евра, а во цената е пресметан и посредничкиот хонорар за мексиканскиот агент, Мино Рајола.
Сепак овој трансфер потегна многу прашања кај вицешампионот на Италија, посебно кога се работи за судбината на Хозе Калјехон.
Договорот на Шпанецот истекува наредната година, во дресот на Наполи е веќе 6 сезони и секогаш е еден од најконстантните играчи во тимот.
Проблемот е што сопственикот Аурелио Де Лаурентис не сака да му го продолжи договорот на искусниот офанзивец, додека тренерот Анчелоти е за тоа договорот на Калјехон да се продолжи и по 2020 година.
Сопственикот е во дилема затоа што смета дека доаѓањето на Лозано може да влијае на позицијата на Шпанецот, а тој и понатаму не се повлекува од идејата во својот тим да го доведе играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез.
Наполи има конкурентен тим, сезонава се засилени со нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, па останува да се види дали „кавгата“ на двајцата влијателни луѓе во клубот ќе се одрази на самиот терен.