Top Sport

Казна од 2.000 евра заработи Милик за симулирање

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија му изрече парична казна на напаѓачот на Наполи, Полјакот Аркадиуш Милик поради симулирање прекршок за пенал на викенд мечот против Лече што неговата екипа го загуби со 3-2.

Во 73 минута, Милик се најде на тревникот при еден дуел во шеснаесетникот, но арбитарот Антонио Џија наместо да покаже на белата точка, му покажа жолт картон за симулирање.

На заседанието на Дисциплинската комисија, одлучено е Полјакот да биде казнет со 2.000 евра. Казните за симулирање почнаа сезонава во Серија А, но многумина сметаат дека се преблаги со оглед на тоа колку пари заработуваат фудбалерите.

Полскиот фудбалер беше стрелец на еден од двата гола за Наполи, но тоа беше недоволно за екипата предводена од Џенаро Гатузо да избегне пораз, четврти во последните 6 меча.

Во досегашниот тек од сезоната, Милик има 14 настапи во Серија А, а постигна 9 гола.

Scroll to Top