Забрана за Челси да купува нови фудбалери во двата наредни преодни рока оти клубот ги прекршил правилата за ангажман на млади фудбалери. Ова е казната која ФИФА му ја изрече на лондонскиот клуб.
Покрај забраната за носење нови фудбалери, Челси ќе плати и казна од 600.000 франци, додека пак Фудбалската асоцијација на Англија е казнета со 510.000 франци.
Казната се однесува само на купување фудбалери, а не се забранува продавање играчи.
Казната е поради тоа што „сините“ од Лондон во последните три години од вкупно 19 фудбалери кои ги довеле во своите редови, дури 14 играчи биле помлади од 18 години.
Казната е голем удар за клубот кој има високи амбиции, а реално нема ростер на фудбалери кои можат да бидат конкурентни за највисоки дострели.