Top Sport

Келн за дербито со ХСВ добил 150.000 барања за влезници, стадионот собира 50.000 (фото)

Фудбалерите на германскиот второлигаш Келн вчера ремизираа со екипата на Хамбург во големото дерби од 29. коло на втората лига. Ремито повеќе им одговара на домаќините кои на овој начин ја задржаа предноста пред ХСВ и останаа на чело на табелата.

Од Управата на Келн стигна информација дека никогаш досега не добиле поголемо побарување за влезници, оти дури 150.000 луѓе сакале да присуствуваат на големото дерби.

Сепак, иако стадионот бил комплетно полн, само 50.000 фудбалски вљубеници можеле во живо да го гледаат мечот. Челниците на Келн се горди што барем на еден ден втората германска лига била подобра од Бундеслигата.

Scroll to Top