Американскиот крилен кошаркар, Кевин Дурант и неговите соиграчи во Голден Стејт Вориорс не беа во најдобри односи минатата сезона.
Американските медиуми пренесуваат информација дека на средината на минатата сезона, Дурант престанал да разговара со соиграчите.
„Дурант во соблекувалната беше како на пуст остров. Ниеден играч не му беше близок, освеј Кевин Кук кој долази од истиот крај како и Дурант. Кога почнаа приказните дека Њујорк Никс го сакаат Дурант, тогаш беше и инцидентот со Дрејмонд Грин, а оттогаш Дурант влегуваше сам во арената и никога со нокого не разговараше“ – вели новинарот Крис Хејнс.
Кевин Дурант од наредната сезона ќе настапува во Бруклин Нетс, но засега е на рехабилитација, откако заработи повреда на ахиловата тетива.