Top Sport

Клеман Ноел победник на слаломот во Кицбил

Францускиот скијач, Клеман Ноел е победник на слаломот кој во рамки на Светскиот куп се возеше во Кицбил.

Шест дена откако славеше на слаломот во Венген каде ја запиша првата победа во Светскиот куп, Ноел беше најбрз и во Кицбил со време 1:45,53.

Зад себе го остави Австриецот Марсел Хиршер кој беше побавен 0,29 секунди, додека трет на подиумот заврши Французинот Алексис Пентиро со заостанување од 0,36 секунди.

Минтогодишниот победник во Кицбил, Норвежанецот Хенрик Кристоферсон трката ј заврши како четврти.

Во генералниот пласман прв е Хиршер со 1.116 бодови, пред Кристоферсон со 671 бод.

Scroll to Top