Top Sport

Кливленд го замени со Мадрид, Хрватот Жижиќ станува „крал“

Младиот хрватски кошаркарски центар, Анте Жижиќ кој во последната сезона настапуваше во НБА тимот, Кливленд Кавалирс договорил трансфер во Реал Мадрид.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Хрватот решил повторно да продолжи во Европа.

Жижиќ како голем талент на Цибона првин ги засили редовите на турска Дарушафака, а во 2016 година замина во САД, во Кливленд иако беше драфтуван од Бостон Селтикс.

Во сезоната која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот за Кавси настапуваше во просек по 10 минути на меч и имаше просек од 4,4 поени и 3 скока на меч.

Реал сезонава го освои Купот на кралот, но остана без титулата во шпанската лига, притоа не се пласираше ниту во полуфиналето на завршниот турнир во Валенсија.

Евролигата беше прекината.

Scroll to Top