Вотфорд го потопи Ливерпул со 3-0 во Премиерлигата, што е прв пораз по неверојатни 44 натпревари во низа.
Последниот пораз избраниците на менаџерот, Јирген Клоп го доживеаја на 3 јануари 2019 година. Денеска падна и низа од 18 меча со врзани победи во англиската најквалитетна фудбалска лига.
Тренерот Клоп по мечот стои цврсто на земја и вели дека поразот мора да се прифати машки.
„Го направија токму она што го планираа, ние не. Така функционира фудбалот. Првото полувреме беше посебно тешко за нас, многу долки топки, трчање горе-доле, имавме топки, но не ги уфрливме на правите позиции. Мораме да го прифатиме поразот иако не ни е лесно, но тоа е доказ дека не бевме доволно добри вечерва. Секогаш е тешко кога си поразен, но мора тоа да го прифатиме. Ако победиш – добро е, но ако загубиш, пробај со тоа да се однесуваш на вистинскиот начин и да го прифатиш тоа машки“ рече Клоп.
И стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк со свое видување за мечот.
„Заслугите одат за Вотфорд, одиграа добро, многу се бореа, беа дисциплинирани и постигнаа три гола. Тоа е реалноста, а ние не можевме да го најдеме патот кон сето тоа. Беше тешко, но мораме подобро. Не сакаме да примаме голови, ќе погледнеме, ќе анализираме. Рекордите и приказните се само медиумски прикази. Ние се трудиме да победиме на секој следен меч. Фокусот сега е на следниот меч.