Фудбалерите на Ливерпул и Евертон денеска ќе го одиграат мечот од третото коло од англискиот ФА куп. Градското дерби почнува во 17 часот на „Енфилд“, а привлекува внимание затоа што Ливерпул е во страшна форма, а Евертон е препороден откако италијанскиот стручњак, Карло Анчелоти е на чело на „карамелите“.
И менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп смета дека неговите избраници ќе имаат тешка задача.
„Враќањето на Карло во Англија е одлично за натпреварувањето и уште поважно за Евертон. Не знам дали за нас правам услуга ако речам дека го сметам за свој пријател. Тој е извонреден човек, има посебна личност. Тој се има освоено во светот на фудбалот, и како играч, и како тренер. И покрај тоа, е скромен. Тој е пример за сите нас во фудбалот како треба да се однесуваме. Неговата филозофија во Евертон веќе се чувствува. Паметно продолжи по Данкан Фергусон“ – смета Клоп.
Стратегот на европскиот шампион е внимателен во прогнозите пред мечот.
„Евертон е секогаш тежок противик за нас. Со Карло, по мое мислење, се уште поопасни. Моите играчи имаат иста желба и веруваат во себе пред овој меч“ – смета Герменецот.