Обезбедувањето во Доха, Катар не му дозволи на менаџерот на европскиот шампион Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп да влезе во салата за доручек затоа што тој не ја имал во себе пропусницата.
Фудбалерите на Ливерпул се во Доха каде утре од 18.30 часот ќе играат во полуфиналето на Светското клупско првенство против мексиканси Монтереј.
Германецот ја заборавил пропусницата, па за да влезе не му помогнало и тоа што бил облечен во тренерки на Ливерпул. Залудно му е и што е еден од најпознатите светски тренери.
Сепак, тој не беше лут.
„Моја е грешката“ – рече Германецот видно расположен.