Top Sport

Клоп за Минамино: Ќе биде совршен, ама не знам кај ќе игра!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека не е сигурен каде ќе го смести новото засилување на „црвените“, јапонскиот интернационалец Такуми Минамино. Тој на „Енфилд“ дојде од Салцбург за 8.5 милиони евра.

24-годишниот напаѓач уште отсега во Ливерпул го гледаат како новиот Роберто Фирмино.

„Како да го вклопам во краток рок? Долгорочно, нема сомнеж дека ќе ни помогне, тоа е очигледно. Одвај чекам да почнам да работам со него. Се што знаеме за него се добри вести за нашата екипа. Неговите фудбалски вештини се извонредни, пред се способноста за носење одлуки на мал простор, брзината, желбата за освојување изгубена топка. Контрапресинг – научен е на тоа затоа што Салцбург има слична филозофија како и ние“ рече Клоп.

Минамино постигна 9 гола на 22 настапи за Салцбург во австриската прва лига.

Можноста за деби во црвениот дрес Јапонецот ќе има најверојатно во третото коло од ФА купот кога Ливерпул на својот стадион ќе игра градско дерби со Евертон.

Scroll to Top