Top Sport

„Кога го запознав Зидан почнав да се тресам“

Реал Мадрид минатото лето го доведе 18-годишниот Родриго од бразилски Сантос за 45 милиони евра.

Младото момче беше дел од големата реконструкција на екипата од страна на Зинедин Зидан кој покрај него, на „Бернабеу“ ги донесе и Еден Азар, Лука Јовиќ, Едер Милитао и Ферланд Менди.

За клупската телевизија Родриго раскажа за неговата прва средба со Зидан.

„Кога го запознав Зидан, почнав да се тресам. Некогаш гледав снимки од него додека бил играч, а сега е мој тренер. Лудо е, драго ми е што го запознав, но бев многу нервозен“ – рече Родриго.

Младиот фудбалер одлично се снајде во новата средина со оглед на тоа дека првпат игра за така голем клуб, а има само 18 години. До сега има 10 настапи, постигна 5 гола и има 1 асистенција.

„Навистина сум задоволен како тргнав со Реал. Не можеше подобро. Се помина навистина одлично. Работите се движат многу побрзо отколку што очекував и се надевам дека ќе продолжам во ист стил“ – вели Родриго.

Scroll to Top