Top Sport

Конте седнува на клупата на Интер за годишна плата од 12 милиони евра!

Фудбалерите на Интер синоќа со 2-1 го совлада Емполи и изборија пласман во ЛШ идната сезона, па сега се озваничи и името на новиот тренер на клубот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте следната недела ќе ја преземе екипата, дека се е договорено.

Информациите се дека италијанскиот стратег ќе потпише договор до 2022 година за годишна плата од 12 милиони евра.

Конте веќе има план кого би сакал да види како засилување на „Меаца“. Италијанецот има три титули шампион на Италија на своето конто со Јувентус.

Во Англија со Челси освои еден трофеј во Премиерлигата и славеше титула во ФА купот.

Scroll to Top