Top Sport

Копачките на Погба од финалето на СП во Русија продадени за 30.000 евра

Човечноста на францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба дојде до полн израз. На аукциска куќа и ги стави на располагање копачките што ги носеше на финалето против Хрватска на Мундијалот во 2018 година во Москва, Русија.

Со тие копачки фудбалскиот ас постигна еден гол во финалниот натпревар, а сега се продадени за 30.000 евра.

Еден од неговите дресови од француската репрезентација е продаден за 3.000 евра, а друг, со кој играше во четвртфиналето на Европското првенство во 2016 година против Исланд за 4.000 евра. И за двата дреса почетната цена била 1.000 евра.

Дресот со неговото име со кој играше за Манчестер Јунајтед против Вест Хем во Премиерлигата во 2017 година е продаден за 400 евра, а фудбалската топка од Лигата на шампиони со негов потпис достигнала цена од 300 евра.

Вкупно собрани се 37.700 евра, пари наменети за сиромашните студенти.

Сепак дел од неговите работи останале непродадени. Меѓу нив е дрес на Јувентус носен во Лигата на шампиони против Манчестер Сити во 2015 година.

Scroll to Top