Корина Шумахер, сопругата на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер (50) во една од нејзините ретки изјави во јавноста рече дека желбата на нејзиниот сопруг е неговата здравствена состојба да се држи подалеку од очите на јавноста.
„Михаел е во најдобри можни раце и даваме се од себе за да му помогнеме. Ги следиме неговите желби, неговата здравствена состојба да остане тајна. Правиме се што е човечки можно да му помогнеме. Тоа е така увствително, информациите за неговото здравје ги држиме во приватност, затоа што тој така сака“ – вели Корина Шумахер.
Ова доаѓа по обвинувањето од поранешниот менаџер на Шумахер, Вилхелм Вебер кој неодамна изјави дека „би сакал да знам како е Михаел, да се ракувам со него, да го погледнам в лице, ама за жал тоа Корина не го дозволува. Најверојатно се плаши дека тоа што ќе го видам ќе го раскажам во јавноста“.
Инаку здравствената состојба на Михаел последните 6 години е голема тајна. Седумкратиот светски Ф1 шампион во 2013 година тешко се повреди при пад на скијање, на француските Алпи.