Top Sport

Кормиларот на Вардар, Парондо е нај-тренер за декември во СЕХА (видео)

Во СЕХА лигата се избраа најдобрата постава и тренерот за декември 2018 година. Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо беше избран за тренер на месецот поради резултатите на клубот во регионалното натпреварување.

Минатиот месец Вардар одигра 4 натпревари и на сите забележа победи. Па сега скопскиот клуб е прв на табелата по 13 одиграни кола со 33 бода, исто колку и ППД Загреб.

Во идеалниот тим за декември 2018 се: Игор Чуприна (Татран Прешов), Милош Грозданиќ ( Војводина), Александер Шпенде ( Металург), Томи Возаб (Нексе), Симе Ивиќ ( Мешков), Дарко Ѓукиќ (Мешков) и Леон Шушња (ППД Загреб).

Следните предизвици за Вардар во СЕХА се на 3 февруари против Војводина во Нови Сад и на 19 февруари, во Скопје против големиот ривал ППД Загреб.

Scroll to Top